14.8 C
Скопје
11:55 - 25 октомври, 2026

Астро прогноза за вторник, 21 февруари

ОВЕН

Овенот овој вторник ќе мора да биде навреме секаде, велат ѕвездите. Но, тие ве советуваат на 21 февруари да бидете внимателни во одлуките – поради брзањето може да направите некаква груба грешка.

БИК

Биковите ќе мора да го зголемат нивото на праведност и вистинитост доколку не сакаат сите околу себе да бидат непријателски расположени. Ѕвездите советуваат да ја разбудите вашата мудрост на 21 февруари.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците на 21 февруари можат да направат некакво откритие за себе, што ќе доведе до големи промени во животот. Во принцип, овој ден ветува дека ќе биде судбоносен – не преспивајте го.

РАК

Раковите ќе треба да се смират овој вторник. Ѕвездите предупредуваат: ако донесувате одлуки во емотивни испади (позитивни или не), можете да го намалите квалитетот на вашиот живот, а особено ќе биде повредена вашата врска.

ЛАВ

На 21 февруари на Лавовите ќе им биде потребна нечија помош, велат ѕвездите. И тие ве советуваат на овој ден да не го слушате гласот на вашето его – советот од егото може да испадне „штетен“. Послушајте совет од искусен колега во кого имате доверба.

ДЕВИЦА

На 21 февруари Девицата треба да биде максимално внимателнаво текот на денот. Ѕвездите предупредуваат: ако малку се опуштете  – може да направите голема грешка.

ВАГА

Вагите ќе имаат корист од нивната способност да размислуваат трезвено и без предрасуди. Можеби на овој ден ќе треба да се соочите со провокација, предупредуваат ѕвездите. И тие советуваат да не попуштате – што и да се случи.

СКОРПИЈА

Скорпиите можат да направат грешка на овој ден ако ги слушаат другите. Само вашите сопствени одлуки и причинско-последичните односи ќе ви помогнат да го направите вистинскиот чекор.

СТРЕЛЕЦ

На 21 февруари Стрелците треба да бидат внимателни кон колегите. Ѕвездите велат дека до вас може да се појават оние кои сонуваат да ве соборат од седлото. Згора на тоа, нивните обиди ќе бидат многу убедливи.

ЈАРЕЦ

На 21 февруари Јарците ќе треба да се грижат за својата репутација, велат ѕвездите. И предупредуваат: ако овој вторник избувнете и почнете да се браните со навреди на другите, ќе ви биде потешко да го вратите угледот.

ВОДОЛИЈА

Водолијата ќе мора да заземе одбранбена позиција на овој ден. Некој ќе се обиде да ве оцрни и намести на работното место, велат ѕвездите. И тие ве советуваат да акумулирате сила – зашто ќе ви биде потребна многу наскоро.

РИБИ

На 21 февруари Рибите ќе можат да го постигнат речиси невозможното, велат ѕвездите. Во секој случај, настаните од овој ден ветуваат дека ќе ве задоволат и ќе ве натераат повторно да верувате во себе.

Слични објави

(Фото) Северина се огласи од Палермо: „Кога си на Сицилија, биди Сицилијанка“

Т.Ц.

Витамините не се најдобрата заштита од настинки и грип, лекар открива што навистина помага

К.С.

Гоца Тржан се присети на дружењето со Тоше Проески: „Имав голема среќа токму со мене да го сними својот прв дует“

Т.Ц.

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.
Се вчитува....