23:17 - 12 април, 2026

(Видео) Деми Мур за здравствената состојба на Брус Вилис: „Тоа што ќе го споделам, го кажувам и на моите деца…“

Мур (61) се појави во емисијата „Добро утро Америка“ во средата, каде откри нови информации за состојбата на поранешниот сопруг, Брус Вилис (68), кој живее со фронтотемпорална деменција.

„Мислам дека, со оглед на околностите, му оди многу добро“, почна глумицата.

Мајката на три деца потоа сподели зборови на утеха кои ги пружа на децата кои ги има со Вилис – на ќерките Талула (29), Скаут (32) и Румер (35).

„Она што ќе го споделам е она што им го кажувам на моите деца, а тоа е дека е важно да им искочам во пресрет и да не се држиме за она што не е, туку за она што е“, сподели таа. „Затоа што од тоа произлегува голема убавина и сладост, љубов и радост“.

Талула пак, се појави во шоуто на Дру Баримор во ноември, откривајќи ја сегашната врска со нејзиниот татко.

„Тој е истиот, што мислам дека е најдоброто нешто што можете да го побарате“, изјави Талула за водителката Дру Баримор.

„Гледам љубов кога сум со него, а тоа е мојот татко, и тој ме сака, што е навистина посебно“ – додаде таа.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....