11.8 C
Скопје
09:31 - 28 март, 2026

(Видео) Далај Лама предизвика нова полемика овојпат со Лејди Гага: Ја допира за нога, таа му ја трга раката

Нови контроверзии за религиозниот лидер.

По случката со детето кое го бакнува во уста и му го покажува јазикот предлагајќи му „да го цица јазикот“, која предизвика лавина реакции и полемики во меѓународниот печат, нов инцидент е актуелен на социјалните мрежи а поврзан со Далај Лама.

Далај Лама е во центарот на контроверзноста овојпат по објавувањето на видеото на кое се гледа како ја пипка за нога познатата пејачка Лејди Гага. Видеото исплива сега, и стана актиелно (веројатно поради случката со детето), а снимено е во 2016 година.

Овој инцидент се случил за време на конференција за сочувство во Индијана, каде што тие разговараа како да се обезбеди поддршка на оние кои доживуваат физички и психолошки тешкотии. Иако настанот бил фокусиран на сочувство и емпатија, ставот на Далај Лама предизвика дополнителни негативни коментари.

На видеото кое трае 17 секунди, се гледа како верскиот водач не обрнува многу внимание на Гага која зборува за време на конференцијата, туку тој погледнал надолу во нејзината нога и видел дека таа носи искинати фармерки, па ја испружил левата рака и со прстите ја допре кожата на Гага.

Кога се обидел да го стори истото на другата нога, пејачката го фатила Далај Лама за раката и го спречил во тоа.

Контроверзноста околу Далај Лама се зголеми во последниве денови, што предизвика онлајн дебата за неговото однесување и соодветноста како верски водач.

 

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....