6.8 C
Скопје
20:02 - 10 март, 2026

(Видео) Брендан Фрејзер со Оскарот в рака беше директен: „По две децении без главна улога, Аранофски ме спаси!“

Брендан Фрејзер го освои Оскар за најдобар актер на Оскарите во 2023 година. Актерот, кој помина две децении без главна улога во Холивуд, победи за неговата импресивна изведба во драмата Китот (The Whale).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ☆ del ☆ (@criticadelcine)

Фрејзер ја воодушеви Академијата со својот портрет на осаменик тежок 300 килограми, за што актерот значително се здебели и го постигна подвигот потпомогнат од мешавина на протетика и CGI.

Брендан Фрејзер го прослави својата прва оскаровка статуетка токму синоќа.

Откако беше актерска ѕвезда во Холивуд во 90-тите и почетокот на 2000-тите, претходната главна улога на Фрејзер дојде во 2003-та година во „The Mummy Returns“. Потоа играше споредна улога во „Crash“ од 2004 година, па рестана да добива значајни улоги во филмската индустрија се додека Дарен Аронофски не му пријде да го покани да глуми во „Кит“.

Фрејзер во говорот на сцената се осврна на неговото отсуство во холивудските улоги речиси две децении:

„Почнав со оваа работа пред 30 години, работите не ми беа лесни, но имаше можност што не ја ценев во тоа време, сè додека не запре можноста.

Потоа продолжи да се заблагодарува на својата екипа, правејќи референци во согласност со насловот на филмот: „Сакам само да ви кажам благодарам за ова признание. Тоа не можеше да се направи без мојата екипа. Беше како да сум бил на нуркачка експедиција“.

Потоа, му се заблагодари на Аронофски за оживувањето на неговата актерска кариера: „Благодарен сум на Дарен Аронофски што ми фрли креативен спас и ме однесе на добриот брод „Кит““. Тој, исто така, ја пофали својата колепка, актерката номинирана за Оскар, Хонг Чау.

 

 

Слични објави

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо
Се вчитува....