11.8 C
Скопје
05:19 - 8 септември, 2026

(Видео) Блиска пријателка на Лијам Пејн ги покажа пораките што ѝ ги праќал пред неговата смрт

Пејачот Лијам Пејн загина трагично на 16 октомври откако паднал од балконот на хотелот во кој престојувал во Аргентина.

Пејн имаше само 31 година, а пред да падне од третиот кат наводно бил под дејство на опијати, а доказ за тоа е аудио снимка направена од член на персоналот на хотелот.

Имаме гостин кој е вон себе од дрога и алкохол. Кога е свесен, крши се во собата. Треба да испратите некого, ве молам. Мислиме дека неговиот живот е во опасност. Собата во која е тој има балкон, се плашиме да не направи нешто, да си го загрози животот“, се слуша на снимката која ја објави Дејли Мејл.

Сега блиската пријателка на Лијам, Џоди Ричардс се огласи и ги откри деталите од нивната врска.

„Бев навистина блиска со Лијам, со години сме пријатели. Тој беше во Аргентина и мислам дека само сакаше да провери дали сум добро. Разговаравме речиси секој ден и така беше со години. Тој секогаш беше тука кога ми требаше, иако не живееме блиску“, рече Џоди, која ја подучуваше поранешната ѕвезда на One Direction во нејзината уметничка компанија Pink Productions.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sky News (@skynews)

Во понеделникот Лијам ја прашал Џоди што прави, на што таа одговори дека е со синот Џексон во теретана. Лијам потоа одговорил „убаво“. Подоцна и испратил фотографија на која седи на кревет во хотелска соба во Буенос Аирес. Таа му одговорила дека штотуку пристигнала дома.

Во средата, Лијам и испратил порака на Џоди во раните утрински часови за да ја праша дали е будна. Таа подоцна одговори дека е будна. Таа го прашала дали е добро, тој одговорил дека е, на што таа напишала дека штотуку пристигнала на работа. Тој пак ѝ напишал дека е на одмор во Аргентина.

„Се радуваше на секој ден, рече дека настинал, ништо не изгледаше невообичаено. Изгледаше добро, изгледаше среќно и здраво, немаше причина за загриженост, а потоа ја слушнав веста…“, изјави Џоди.

Откако слушнала дека починал, му испраќала пораки бидејќи  не можела да верува дека тоа е вистина.

„Те молам пиши ми дека тоа не е вистина“, му пишувала пријателката и истакна дека тој околу себе имал многу пријатели и можел во момент на криза да се обрати на билокој.

„Секогаш имаше помош доколку му е потребна. Имаше нови планови на хоризонтот, и изгледаше дека е среќен“, раскажа Џоди.

 

Слични објави

Ана Бекута по 12 години го напушта жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој би можел да ја замени

Еспресо

(Фото) Се омажи пејачката Ева Нединковска: Мајка ѝ сподели детали од свадбата

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Српскиот рапер Цоби се ожени во тајност со 17 години помлада пејачка

Еспресо

Важен ден за Димитар Андоновски, пејачот двојно славеше

Еспресо

Јована Јеремиќ најави дует со Јелена Карлеуша: „Ќе се капеме во чоколадо!“

Еспресо
Се вчитува....