11:00 - 3 април, 2026

(Видео) Антивоени протести во Русија по повикот на Путин за мобилизација: „Путин, и ти да одиш во ров!“, повеќе од 1,300 протестанти се уапсени

„Путин, и ти да одиш во рововите!“ – извикуваа протестантите на протестот организиран против вчерашната наредба на Путин за воена мобилизација на населението. 

Инциденти и повеќе од илјада протестанти се уапсени за време на уличните демонстрации против веќе најавената делумна мобилизација.

Оние кои протестираат ризикуваат и до 15 години затвор, а паника владее особено меѓу младите. Од друга страна пак, се случува масовно бегање од Русија. Авионските билети до достапните дестинации од Русија (Дубаи, Ерменија, Азербејџан, Србија и Турција) се веќе распродадени. Метеж и на границите со Финска каде со автомобили се чека во долги редици.

Најпопуларна реченица меѓу демонстрантите е „Путин и ти да одиш во ров!“, а меѓу младите – „Гушни ме ако и ти се плашиш“ – токму така гласеше и слоганот на протестот според транспарентот што го поставила некоја девојка во сибирскиот град Томск, непосредно пред полицијата да ја одведе.

Стравот доминира во расположението на милиони Руси особено од денот кога претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација во земјата.

Стотици излегоа вчера на улиците и плоштадите низ цела Русија да протестираат против повикот на Путин, подготвени да направат се за да прстане конфликтот со Украина. Демонстрантите носеа плакати со зборовите „не за мобилизација“, „не за војна“, „живот за нашите деца“.

Слични објави

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо
Се вчитува....