19.8 C
Скопје
15:05 - 26 април, 2024

По обвинувањата за неверство, Адам Левин опуштен во друштво на својата сопруга

43-годишниот фронтмен на групата Maroon 5 беше фотографиран како ја гушка својата 34-годишна сопруга додека разговараат еден со друг.

Во брак се од 2014 година, а Бехати моментално е бремена со нивното трето дете. Возбудата поради објавата на бременоста ја ублажија обвинувањата на сметка на Адам од Инстаграм моделот Самер Строх. Таа реши да ја искористи својата слава на Тикток и објави видео во кое јавно призн дека имала афера со него која траела речиси една година.

За да ја поткрепи приказната таа објави серија скриншотови од пораките кои тој и ги праќал преку Инстаграм, изјавувајќи дека по аферата престанале да разговараат, но тој и пратил порака и ја прашал дали може на своето дете да и го даде нејзиното име.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Самнер, која има повеќе од 350 следбеници на Инстаграм, решила да сними видео за Тикток и да признае се затоа што им се доверила на некои пријатели за аферата, а еден од нив одлучил да ја пренесе нејзината доверлива приказна во таблоидите. Во видеото таа открива дека со Левин се гледала една година, но не го кажува точниот временски период. Левин е во брак со моделот на Викторија Сикрет, Бехати Принсло.

„Имав афера со маж кој е во брак со модел на Викторија Сикрет. Во тоа време бев млада, наивна и, искрено, се чувствував искористено“, признала таа во видеото.

Левин и Принсло се во брак од 2014 година, имаат две ќерки на четири и пет години, а месецов објавија дека го очекуваат нивното трето дете.

Строх сподели скриншот од нејзиниот мобилен телефон на кој се прикажани пораки на Инстаграм кои Левин наводно и ги праќал „откако престанала да разговара со него неколку месеци“. „Ок, сериозно прашање. Ќе имам уште едно дете и ако е момче навистина сакам да му го дадам името Самнер. Дали се согласуваш со тоа? СМРТНО сум сериозен“, гласела една од пораките.

Таа покажа и низа заводливи пораки кои ги добила од профил кој се чини дека е на Левин, а за учеството во аферата се брани тврдејќи дека „нејзиниот морал бил несвесно загрозен“ и дека била „целосно изманипулирана“.

„Срам ми е што бев вмешана во ова со човек со целосен недостаток на каење и почит“, признава таа.

Подоцна објави уште едно во кое им одговара на критичарите и порачува дека не се обидува да глуми жртва.

„Во никој случај не се обидував да добијам симпатии. Целосно разбирам дека јас не сум жртвата тука. Не сум таа што навистина е повредена. Тоа се Бехати и нејзините деца и за тоа многу ми е жал“, признава Строх.

Таа, исто така, дополнително појасни што сака да каже со изјавата дека била манипулирана.

„Го премолчив најважниот дел, а тоа беше фактот дека имав впечаток дека нивниот брак е завршен. Верував дека го премолчуваат тоа за да избегнат негативен медиумски публицитет бидејќи, како што кажав, бев нова во Лос Анџелес, па претпоставував дека е така со познатите од негов калибар. Затоа се чувствувам искористено, бидејќи знаеше дека верувам во се што ми кажува поради мојата ранлива положба и фактот дека сум нова во градот. Исто така, ми испрати порака од неговиот профил на Инстаграм. Немав причина дополнително да го преиспитувам тоа, но сега сфаќам дека веројатно тоа била негова тактика за манипулација“, открива Строх.

Адам издаде соопштение во кое негираше дека и бил неверен на својата сопруга, но призна дека користел лоша проценка кога разговарал со кој било друг освен со мојата сопруга на каков било флертувачки начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Слични објави

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо
Се вчитува....