10.8 C
Скопје
13:07 - 19 февруари, 2026

(Видео) Ана де Армас во првите кадри од „Блонд“: Мерилин Монро, но само за возрасни, 17+

Нетфликс ја претстави првата снимка од „Blonde“ на Ендрју Доминик, каде Ана де Армас ја глуми холивудската икона Мерлин Монро. Филмот, базиран на најпродаваниот роман на Џојс Керол Оутс, е познат и по тоа што „не е за деца на возраст под 17 години“. Во актерската екипа се и Боби Канавал, Адриен Броди, Џулијан Николсон, Ксавиер Семјуел и Еван Вилијамс.

Официјалниот синопсис на Нетфликс за „Blonde“ гласи: „[Филмот] смело повторно го претставува животот на една од најтрајните икони на Холивуд, Мерлин Монро. Од нејзиното нестабилно детство како Норма Џин, преку нејзиното издигнување до ѕвезди и романтични заплети, „Blonde“ ги замаглува границите помеѓу реалноста и фикцијата за да го истражи растечкиот јаз меѓу нејзиното јавно и приватно јас“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas)

„Амбициите на Ендру беа многу јасни од самиот почеток: да претстави верзија од животот на Мерлин Монро преку неговиот објектив“, изјави неодамна Де Армас за Netflix Queue. „Тој сака светот да доживее какво е чувството да се биде не само Мерилин, туку и Норма Џин. Сфатив дека тоа е најхрабрата и најфеминистичката верзија на неговата приказна што сум ја видела“.

„Работиме на овој филм со часови, секој ден речиси една година“, додаде Де Армас. „Го прочитав романот на Џојс, проучував стотици фотографии, видеа, аудио снимки, филмови, сè што ќе ми дојде при рака. Секоја сцена е инспирирана од постоечка фотографија. Го проучувавме секој детал од фотографијата и разговаравме за тоа што се случува. Првото прашање секогаш беше: „Како се чувствуваше Норма Џин ? Сакавме да ја раскажеме човечката страна на нејзината приказна. Славата е она што ја направи Мерилин највидливата личност на светот, но ја направи и Норма –  најневидливата“.

„Blonde“ ќе се појави ширум светот на Нетфликс на 23 септември.

Слични објави

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо
Се вчитува....