5.8 C
Скопје
01:58 - 21 февруари, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ пак нападната од Тончи Хуљиќ: „Седумдесет проценти од луѓето што ѝ одат на концерт не ѝ ги знаат песните!“

Пејачката Александра Пријовиќ направи голем успех на концертите одржани во белградска Арена. Сепак, јавноста особено почна да зборува за неа откако распродаде четири Арени во Загреб.

Хрватските музичари не ги криеја своите несогласувања, а за успехот на Прија не еднаш проговорија, а меѓу нив двапати се огласи Тончи Хуљиќ. Првиот пат тој објасни дека феноменот Пријовиќ се должи на тоа што „овошјето во туѓа градина е послатко“, поткрепувајќи го ова мислење и со концертите на Дино Мерлин кои исто така се преполни.

Сега, се огласи по втор пат. Во една емисија тој повторно се обиде да го објасни „феноменот Пријовиќ“ и изјави дека „седумдесет проценти од луѓето што одат на концертот не ги знаат нејзините песни, туку одат да бидат видени“, а оваа негова изјава многумина ја карактеризираа како навреда за Александра .

– Верувам дека седумдесет проценти од луѓето што одат на концерт не ги знаат нејзините песни, но одат да бидат видени. Прија не е ништо попопуларно од тоа што беше пред една година или што ќе биде за една година, едноставно е така“, започна Хуљиќ, а потоа продолжи:

– Секогаш овошјето од туѓа градина е послатко и тука нема друга приказна. Тоа сега така ѝ тргна, впрочем зашто никој не зборува за Дино Мерлин кој исто така распродаде по не знам кој пат вече четврта Арена – рече Тончи.

Фановите на Прија го нападнаа хрватскиот музичар, „суетата не му дава мир“ – пишуваа некои од гледачите под видеото, заклучувајќи дека е потполно нелогично еден реализиран човек така да коментира успех на млад изведувач.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....