10.8 C
Скопје
18:46 - 12 март, 2026

(Видео) Адел тотално „одлепи“ на првата средба со Двејн Џонсон на Греми: Сонот ѝ се оствари како во филм, погледнете ја реакцијата

Сонот на Адел да го запознае Двејн Џонсон стана реалност на доделувањето на Греми во 2023 година.

Адел е голем обожавател на „The Rock“ и во неколку наврати признала колку би сакала да го запознае.

Сето тоа беше благодарение на водителот Тревор Ноа што сонот на Адел ѝ го исполни.

Во првиот дел од шоуто на наградите, Ноа се приближи до нејзината маса и почна да разговара со збунетата пејачка.

„Личноста која Адел отсекогаш сакала да ја запознае, но никогаш не ја запознала е Двејн Џонсон… Дознав дека и тој е твој голем обожавател. Сега го немам Двејн Џонсон овде вечерва, но имам некој друг кој може да се јави. . Карпата („The Rock“)”.

Потоа, како некоја магија, од толпата излезе поранешната суперѕвезда на WWE и се упати кон масата на пејачката.

Гостите во просторијата беа воодушевени и почнаа да викаат и навиваат. Адел се сврте со нервозна насмевка и на нејзино задоволство го виде актерот како оди кон нејзината маса.

„Адел запознај го Рок, Рок запознај ја Адел. За првпат“, рече Ноа.

Адел маѓепса со широката насмевка од срце.

Двојката размени голема прегратка и неколку зборови пред да седнат на своите места. Тоа беше без сомнение еден од моментите на вечерта.

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....