18:46 - 6 ноември, 2026

Весна Змијанац за зетот Реља: „Би премолчила ако знам дека ја изневерил Николија“

Музичката легенда Весна Змијанац со своите искрени и неочекувани одговори предизвика голема прашина во јавноста. Пејачката за првпат отворено говореше за односот со сопругот на нејзината ќерка Николија, реперот Реља Поповиќ, откривајќи како би постапила во евентуална кризна ситуација во нивниот брак.

На прашањето дали би премолчила доколку дознае дека Реља ја изневерил Николија, Весна даде одговор кој ги изненади многумина:

„Да речеме дека би премолчила. За да го сочувам нивниот дом, јас би премолчила. Николија никогаш не би ме прашала што да прави, а не би се ни развела. Но, тоа не може да се случи бидејќи тој е вистински семеен човек, многу ги сака Николија, децата и куќата. Не е тип што се крие по гардероби или хотели. Тој не пие, не пуши, не јаде месо… Многу го сакам“.

Пејачката со ова потврди дека има исклучително близок однос со својот зет, кој ѝ беше најголема поддршка и при излегувањето од болница, истакнувајќи дека целосно верува во неговата лојалност и семејни вредности.

Слични објави

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.
Се вчитува....