19:44 - 6 ноември, 2026

Таско емотивно за ќерката Кирјана: „Би поминал повторно низ секој болен дел од мојот живот, ако знам дека таа ме чека на крајот“

Раперот Христијан Тасковски-Таско сподели емотивна порака посветена на својата ќерка Кирјана. На Инстаграм тој објави црно-бела фотографија на која ја држи својата ќеркичка во прегратка, а со неа сподели кратка, но силна порака за татковската љубов.
„Дали ја сакаш?“
„Би поминал повторно низ секој болен дел од мојот живот, кога би знаел дека таа ме чека на крајот од него“, напиша Таско.
Ова не е првпат музичарот јавно да зборува за тоа колку татковството го променило. Кога Кирјана го прослави својот прв роденден, тој ѝ посвети емотивно видео со моменти од нејзиното растење и порача дека ќе биде нејзина заштита и поддршка додека е жив, заблагодарувајќи ѝ се што го направила подобар човек.
Кирјана е второ дете на Таско и неговата сопруга Наташа. Двојката прво го доби синот Лукијан во јуни 2023 година, а во септември 2024 година нивното семејство се зголеми со раѓањето на Кирјана.
Семејството има значајно место и во песните на Таско. Во февруари годинава, во видеоспотот за „Листот 2“, тој вклучи интимни семејни кадри со Наташа, Лукијан и Кирјана, заедно со снимки од неговите пријатели и членовите на „ДНК“ кои го загубија животот во трагичниот пожар во Кочани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.
Се вчитува....