Српската пејачка Весна Змијанац откри дека има маж кој се обидува да ѝ го освои срцето. Таа зборуваше за својот љубовен живот пред настап во Белград, а откри и дека нејзината ќерка Николија сè уште не го запознала нејзиниот додворувач.
Во разговор со екипата на телевизијата „Хајп“, Весна открила дека мажите не ѝ приоѓаат често, но дека сепак има еден што се обидува да го привлече нејзиното внимание.
„Не ми се додворуваат, се плашат од мене! Имам еден додворувач! Еден е на пат да ми го освои срцето! Не ме шиша, има нешто и во тоа! Не сум го запознала со Николија!“, изјавила пејачката.
Таа открила и дека мажот што се обидува да ја освои е една година постар од неа. Засега не открива повеќе детали за неговиот идентитет, а очигледно е дека пред да дојде до запознавање со нејзината ќерка, тој ќе мора дополнително да се потруди.
„Не го запознала. Треба уште да заслужи да го запознаам со неа“, рекла Весна низ смеа.
Покрај приватниот живот, Весна зборувала и за своите музички планови. По трите распродадени концерти во Белградската арена, со кои одбележа 50 години кариера, пејачката најавила нови настапи низ регионот.
„Нè очекуваат концерти! Секогаш сум емотивна! Недостигаат квалитетни песни, ги пееме старите!“, изјавила таа.
Нејзината турнеја „Златна турнеја – 50 години кариера“ (Golden Tour – 50 godina karijere) продолжува на 28 ноември во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, каде што публиката ќе има можност да ужива во нејзините најголеми хитови.
