19:45 - 18 ноември, 2026

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

Поранешната македонска водителка Натали Грубовиќ, која публиката ја памети по популарната емисија „Супер Бинго“, има нов повод за славење. Таа магистрираше на Економскиот факултет во Скопје, а убавата вест беше споделена на социјалните мрежи.

Меѓу оние што јавно ѝ честитаа беше и Ленче Карпузовска, менаџерка за комуникации во ЕВН, која објави фотографии од овој значаен момент.

„Магистрираше! Се гордеам со тебе Натали“, напиша Карпузовска на фотографиите, кои поранешната водителка ги сподели и на своите инстаграм-приказни.

 

Иако веќе подолго време не е дел од македонската телевизиска сцена, Натали повремено го привлекува интересот на јавноста со своите објави на социјалните мрежи.

Поранешната водителка од 2016 година е во брак со српскиот бизнисмен Дрен Глушац, со кого ја има ќерката Натали. Интересно е што мајката и ќерката го носат истото име, а семејството живее во Нови Сад.

Слични објави

На Нада Топчагиќ ѝ дошла полиција, соседите ја тужеле: „Златко сега треба да плати 25.000“

Еспресо

(Видео) Тренер жестоко ја критикуваше Сека Алексиќ за изјавите за лекот со кој ослабела: „Какви инјекции, децата треба да спортуваат“

Еспресо

Азис искрено призна: „Екстремно сум мрзлив, а тие сакаат…“

E.A.

Мирјана Антоновиќ се потсети на тешките мигови: „Непријатниот телефонски разговор со сопругата на Мирослав Илиќ ми остави длабока трага“

E.A.

Даниела Мартиновиќ за 20-годишната врска со Петар Грашо и врската со семејството Хуљиќ: „Вјекослава ми беше како мајка, а сега ја пронајдов среќата со Јосип“

E.A.

(Фото) Шехерезад во лежерно издание: турската актерка прошета низ Лондон во зелена јакна и црвена капа

Еспресо
Се вчитува....