10:46 - 27 ноември, 2026

Весна Змијанац: „Ме разболуваат и ме погребуваат, а јас сум добро. Не планирам да застанам – морам да пеам“

Познатата фолк-пејачка Весна Змијанац (69) искрено проговори за шпекулациите околу нејзиното здравје и пораките што постојано ги добива од јавноста. Во емисијата „Година со Весна“ на Курир телевизија, таа нагласи дека се чувствува добро, иако многумина постојано ја „разболуваат“ и „погребуваат“ во медиумите.

„Постојано ме прашуваат дали сум добро, дали сум здрава… Ме разболуваат и ме погребуваат, а никој да каже дека сум одлично. Добро сум. Не сум веќе во цветот на младоста, немам 35 години, па да се чудиме ако кивнам. Тоа се години и многу работа зад мене“, изјави таа.

Змијанац се осврна и на загриженоста што се појави кон крајот на минатата година, кога поради здравствени проблеми заврши во болница. Според тогашните информации, лекарите ѝ откриле сериозно стеснување на една од главните крвни садови на срцето, поради што итно ѝ биле вградени три стента за да се овозможи нормален проток на крв.

По закрепнувањето, пејачката брзо се вратила на сцената, бидејќи, како што вели, без музиката и публиката не може да функционира. Ја очекуваат бројни настапи, како и подготовките за големиот концерт во белградската Арена, закажан за 14 мај.

„Да не работам – дури тогаш би се разболела. Вака, една вечер пеам, се испразнувам, публиката ми дава енергија, јас им враќам и сè е во ред“, вели Весна.

Таа откри и дека во периодот кога имала здравствени проблеми ѝ се јавиле бројни колеги.

„Сите се јавуваа, сите беа загрижени. Знаат дека јас можам да издржам. Срцето малку ме мачи кога ќе претерам, тогаш морам да застанам и да се смирам – или тие ме смируваат“, призна таа.

Пејачката се осврна и на загубите што ја одбележаа естрадата во изминатите години.

„Не само минатата година, туку уште од Шабан па наваму – изгубивме многу. Маринко Роквиќ, Шабан… Тоа се пејачи кои тешко се повторуваат. Каде денес да најдеш такви?“ – запраша таа.

Според неа, од нејзината генерација останале многу малку активни изведувачи.

„Малкумина сме – Мирослав, Бекута, Снежана, Зорица… Можеме да се изброиме на прсти. Се грижиме за себе, но ноќта си е ноќ. Цел живот пееме ноќе и тоа си го зема данокот“, искрено раскажа Змијанац.

На прашањето дали поради здравјето ќе забави со темпото, таа одговори во свој стил:

„Ќе направам пауза седум дена и веќе ми е здодевно. Морам да пеам.“

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....