8.8 C
Скопје
18:57 - 31 март, 2026

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

На денешен ден, третиот ден по Цветници, односно четврти ден по Лазаровата сабота, еден од апостолите на Исус, Јуда Искариот, решил да го продаде својот учител за 30 сребреници. Марија Магдалена на Велика среда ги изми Христовите нозе, ги исуши со својата коса и ги помаза со миро.

Во црквата по литургијата за последен пат се чита великопостната молитва на св.Ефрем Сирин, и се прават три големи поклони. Велика среда е најдобриот ден за исповед.

Бидејќи среда е во пресрет на Велики четврток, на овој ден започна генералното чистење на куќата.

На овој ден треба да се купат јајца, и боја за вапсање. Се верува дека јајцата купени на овој ден остануваат свежи подолго време.

На Велика среда се подготвува и сапун од билки. Потоа, сапунот се остава надвор, пред прагот на домот да преноќи, а следниот ден се употребува за капење – на Велики четврток. Се верува дека водата на Велики четврток е лековита сама по себе, а миењето со таков сапун ви овозможува да се ослободите од злото.

Домаќинките прават генерално чистење на домот.

Навечер се остава парче леб надвор. Ако замрзне до утро, тоа значело дека ќе замрзнат и пролетните садници.

Магнетски привлечни за празниците: Три хороскопски знаци ќе бидат најсреќни на почетокот на мај

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....