13:08 - 9 април, 2026

Велат дека ова е најдобрата пилешка салата што можете да ја направите – трикот е во подготовката на месото

Готвачката Барбара Троп има рецепт за нешто што New York Times Cooking го нарече „најдобра пилешка салата“. Тајната на рецептот не е толку во зачините – туку во текстурата на пилешкото месо. Троп во својата кујна вклучува кинески техники на готвење и вкусови, а пилешките гради ги подготвува со метод без преварување.

Самата подготовка на салатата ќе ви одземе околу дваесетина минути, но имајте предвид дека се потребни уште два часа за готвење на месото, како и најмалку четири часа за ладење.

За оваа салата се користат пилешки гради со коски, но можете да ја отстраните кожата ако сакате. Сепак, коските и кожата ѝ даваат вкус на течноста во која се вари месото, па така се добива и одличен бујон.

Рецепт за најдобрата пилешка салата

Потребни состојки:

околу 1,8 кг пилешки гради со коски и кожа

2 млади кромитчиња

1/4 лажичка зрна црн бибер

1 лимон (преполовен)

2/3 чаша мајонез

1/4 чаша кисела павлака

1/2 лажичка сенф или 1 лажичка течност од тегла кисели краставички

2–3 стебленца целер

1/2 чаша ореви или пекан ореви, искршени на парчиња

3 лажици сечкан свеж магдонос или власец, плус уште малку за декорација

сол и мелен црн бибер по вкус

Подготовка:

Земете тенџере доволно големо да го собере пилешкото, но не преголемо. Наполнете го околу 2/3 со ладна вода, а одделно зовријте уште малку вода.

Во водата додадете млад кромид и зрна бибер, поклопете и оставете да зоврие. Потоа исклучете ја ринглата и ставете ги парчињата пилешко во жешката вода. Долевајте врела вода додека месото не биде покриено околу 5 см. Поклопете и оставете да стои околу 2 часа – без повторно вклучување на шпоретот. Тенџерето ќе задржи доволно топлина за месото да се свари.

Ако по два часа месото покрај коските е сѐ уште розево, вратете го на тивок оган и варете уште околу 10 минути.

Извадете го пилешкото, отстранете ги коските, кожата и маснотиите. Исушете го со хартиени салфетки, исечкајте го на парчиња и ставете го во сад. Во меѓувреме, течноста од варењето продолжете да ја варите, процедете ја и зачувајте ја како пилешки бујон.

Во посебен сад измешајте сок од половина лимон, мајонез и кисела павлака. Додадете сенф или течност од кисели краставички ако користите. Пробајте и прилагодете по вкус, па прелијте ја смесата врз пилешкото.

Додадете целер, кромид, јаткасти плодови, зачини, сол и бибер, па убаво измешајте. Покријте и оставете салатата да се лади најмалку 4 часа. Пред сервирање, посипете со свежи зачини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NYT Cooking (@nytcooking)

Слични објави

(Фото) Во гламур и бела естетика: Аделина Тахири го одбележа 35. роденден со невообичаена роденденска „торта“

Еспресо

Неверојатно – вака изгледа Анастасија Ражнатовиќ без шминка 

E.A.

Анѓелка Прпиќ со сопругот Марко уживаат за сите пари – „Убави гулапчиња“

E.A.

Одев во полско веце и се капев надвор: Александар Динев искрено за сиромашното детство

Еспресо

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо
Се вчитува....