17:18 - 29 јануари, 2026

Ведрана Рудан повторно ја вџаши јавноста -„сакаа да ми ја исклучат струјата, а немав пари ни на децата да им спремам ручек!

Гледав низ прозорецот како луѓето од маркет излегуваат со ќеси, а јас во младоста немав пари за ништо. Веќе не сум сиромашна, но знам колку е страшно кога немаш што да им дадеш на децата за ручек. Треба да работиш како коњ за да си ги исплатиш долговите, изјави познатата хрватска писателка и новинарка Ведрана Рудан која повторно ја разбранува јавноста кога во интервју откри непознати детали од нејзиниот живот.

Таа на самиот почеток на разговорот со водителката Марија Килибарда истакна дека живеела во голема сиромаштија и дека немала пари да им купи на децата храна, како и тоа дека сакале да и ја исклучат струјата затоа што неможела да ги плати сметките.

– Луѓето мислат дека сум груба и глупава. За мене животот отсекогаш бил и останува борба за пари. Парите отсекогаш ми биле најважната работа во животот. Не многу пари. Доста за да не се плашам дека нема да можам да ги платам сметките, бидејќи веќе еднаш ми се заканија, поточно на фирмата што ја водевме со сопругот дека ќе ни ја прекинат струјата. Потоа се сеќавам дека реков: „Не, немој, те молам. Ќе платиме“. Тоа чувство на мизерија е најстрашното нешто на светот – вели Ведрана.

За секоја жена, додава хрватската новинарка, најважно на светот е да има пари.

– Кога има пари, има слобода. Не живеам од пишување книги. Живеам од моето наследство и од  мојот сопруг кој заработува. Јас сум спонзорот. Не морам да пишувам глупости, можам слободно да пишувам што сакам – изјави Ведрана Рудан.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо

(Фото) Дали е сè во ред со бракот на Реља и Николија? Пејачот фатен на пат кон аеродромот со непозната девојка

Еспресо

(Фото) „Ќе родам син спортист“: Јована Јеремиќ се пофали како изгледа нејзиното тело по редовен тренинг и здрава исхрана

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ во хотелска соба со мистериозен маж: Објава што ги запали социјалните мрежи!

Еспресо

(Фото) Тродневна потера по Наташа Беквалац: Што прави пејачката кога мисли дека никој не ја снима?

Еспресо

(Фото) Дали ги препознавате? Исплива фотографија од „Ѕвездите на Гранд“, стара речиси 20 години

Еспресо
Се вчитува....