6.6 C
Скопје
03:59 - 1 април, 2026

Ванда Нара ја коментира Шакира: Нема бегање, „или еднаш ќе ве изневерат, или вие ќе изневерите“

Поранешната партнерка на фудбалерот Икарди, убавицата Ванда Нара, не остана „покусо“ да коментира за разделбата на Шакира и Пике и за тоа што Жерар Пике ја изневерил Шакира пред нивното раскинување минатата година.

Познатата инфлуенсерка вели дека сочувствува со Шакира бидејќи и таа се раздели со поранешниот напаѓач на Интер, Мауро Икарди, поради гласините дека тој имал афера со друга жена.

Ванда Нара, меѓу другото, и се споредува со Шакира.Во едно неодамнешно интервју за Кларин, Ванда не само што одговараше на прашања за нејзиниот турбулентен однос со Икарди, туку се осврна и на ситуацијата на Шакира.

Запрашана дали нејзиното закрепнување од скандалот било полесно од она на Шакира, Нара рече:  „барем Шакира објави четири хитови. Ги сакам и танцувам на сите“.

„Не знам каква бев по неверството, но знам дека никој не е безбеден од неверство“, додаде таа.

„Во одреден момент од животот ќе го направите тоа или ќе страдате од тоа“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....