5.8 C
Скопје
01:40 - 1 април, 2026

Уште три проектили од Северна Кореја, во Јапонија е вклучен и противвоздушен аларм; Сојузниците ја осудија „заканата за безбедноста на регионот“

Северна Кореја денеска лансираше уште три балистички ракети во Јапонското Море, од кои една со долг и два со краток дострел.

Еден од проектилите го активира противвоздушниот аларм, што ги натера жителите на островoт во Јужна Кореја и жителите на делови од северна Јапонија да се засолнат.

Првично, кабинетот на јапонскиот премиер тврдеше дека проектил прелетал над земјата, но подоцна веста беше корегирана.

Вчера Северна Кореја тестираше најмалку 23 проектили од различни типови, а испука и околу 100 артилериски куршуми од округот Косонг, кон морето, во тампон зона формирана во 2018 година за намалување на тензиите.

Такехиро Фунакоши, директор на азискиот оддел на јапонското Министерство за надворешни работи, Сон Ким, специјален претставник на САД за КНДР и Ким Гон, специјален претставник на јужнокорејското Министерство за надворешни работи за мир на полуостровот, заеднички го осудија ракетното лансирање на Пјонгјанг.

Сојузниците ги нарекоа лансирањато „закана за безбедноста на регионот“ и сериозен предизвик за целиот свет. Покрај тоа, тие ја потврдија својата подготвеност да работат заедно за да се обезбеди безбедност.

Информациите за новите ракетни лансирања на КНДР се појавија ноќта на 3 ноември. Според извештаите на медиумите, севернокорејската страна извршила три лансирања на балистички ракети во областа на Јапонското Море. Во исто време, јапонското Министерство за одбрана соопшти дека ниту една граната не ја преминала јапонската територија.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....