17:45 - 11 ноември, 2026

Урната куќата на Весна Змијанац во Ковачи: Соседите откриваат што се гради на нејзино место

Куќата во која пораснала српската пејачка Весна Змијанац, во селото Ковачи, неодамна целосно била урната, пренесуваат српските медиуми. Според зборовите на соседите, пејачката со години не доаѓала на имотот.

На местото на старата куќа сега постепено се гради нов објект. Соседите со носталгија се присетуваат на годините кога Весна живеела таму со мајка ѝ и баба ѝ.

За локалните жители, таа останала запаметена како весело и непроблематично дете кое растело заедно со момчињата од селото.

„Беше другарка со нас, со момчињата. Од фудбал, преку скокање од врбите во Ибар, сè поминавме заедно. Се однесуваше како да сме другари. Таа тренираше карате и ни покажуваше потези“, се присетил извесен Зоран за „Телеграф“.

Според пишувањата на медиумите, новиот објект на местото на старата куќа го гради роднина на пејачката.

„Неодамна почнаа да градат куќа. Не сум сигурен дали Весна го продала тој плац, но знам дека куќата ја гради нејзина роднина“, изјавил за „Телеграф“ еден жител кој живее во близина на стариот имот на Змијанац.

Засега нема дополнителни информации за тоа дали пејачката била вклучена во одлуката за уривање на старата куќа или за изградбата на новиот објект.

Иако старата куќа веќе не постои, жителите на Ковачи велат дека Весна Змијанац и понатаму има посебно место во нивните сеќавања.

Тие ја споменуваат и нејзината помош за селото, особено кога станува збор за подобрувањето на инфраструктурата и условите за живот.

„Благодарение на Весна, беше асфалтиран дел од патот низ селото, беше обновен домот на здравјето, кој со години немаше услови за работа, а беше изграден и објект за згрижување на децата. Не бараше ниту благодарница, ниту спомен-плоча“, раскажал еден од мештаните, кој сакал да остане анонимен.

Друг сосед вели дека старата куќа за нив била многу повеќе од обичен објект.

„Таа куќа е дел од селото, дел од нас. Весна направи многу за ова место, а сега чувствуваме дека е ред барем симболично да ѝ возвратиме. Ќе покренеме петиција куќата да се обнови. Не мора таа да живее таму, но нека остане како знак дека не исчезнало сè со текот на времето“, изјавил соседот за „Телеграф“.

Слични објави

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.
Се вчитува....