17:55 - 11 ноември, 2026

Александра Јанева сподели момент со ќеркичката Тина: Најважната улога во животот

Пејачката Александра Јанева ужива во мајчинството и во секојдневните моменти со својата ќеркичка Тина, која се роди на 28 мај годинава.
Јанева сподели фотографија од прошетка со своето девојче.

Инстаграм

За Јанева ова се првите месеци во новата животна улога, за која со голема возбуда зборуваше уште додека беше бремена.

Кога беше во шестиот месец од бременоста, пејачката откри дека таа и сопругот Иван Ангелов уште тогаш секојдневно ѝ зборувале на својата неродена ќерка.

„Уживам во секој еден ден од новонастанатата состојба. Се радуваме многу и двајцата, ѝ се обраќаме на нашата идна ќеркичка неколкупати во денот со слатки зборови и полека почнуваме да се спремаме со бебешка опрема“, рече тогаш Александра.

Во истиот разговор таа раскажа дека бременоста ѝ минувала лесно, без мачнини и поголеми тегоби, и дека останала активна со работа во студио, снимања и пешачење.
По повеќе од една деценија активно настапување, Јанева тогаш реши да направи и кратка пауза од сцената за да се подготви за доаѓањето на Тина.
„Сега кога очекувам бебе, за првпат по повеќе од 10 години активно настапување ќе направам мала пауза. Настапував до петтиот месец од бременоста, но сега чувствувам дека е време да подзастанам и да си дадам повеќе време на самата себе, да се посветам и да се подготвам за најважната улога во животот, да станам мајка“, изјави тогаш пејачката.
Тина се роди на 28 мај, а Александра и Иван тогаш за првпат станаа родители. Убавата вест беше откриена преку честитките на социјалните мрежи, со пораката: „Добре дојде најмило бебе Тина“.
Неколку дена подоцна Александра ги објави и првите фотографии од својата ќерка и напиша: „Ти си доказ дека љубов постои“.

Инстаграм

Оттогаш пејачката повремено споделува дел од новото семејно секојдневие. Неодамна семејството беше и на првиот одмор со Тина, а Јанева објави фотографија од плажа на која ја држи ќеркичката додека нејзините нозе првпат го допираат морето.

Слични објави

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.
Се вчитува....