1.8 C
Скопје
20:38 - 22 февруари, 2025

Украинските претставници на Евровизија немаат време за вежбање, се приклучија на одбраната на земјата: Сакаме мирот конечно да дојде во Украина

Без разлика какви се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина, изјави фронтменот на групата, Олех Псиук.

Да се биде на врвот на топ листата на Евровизија е сон на многу изведувачи, но за украинскиот бенд „Калуш оркестар“ сјајот на ова натпреварување во моментов не е приоритет. Како активист во западна Украина, фронтменот на групата, Олех Псиук, ја замени сцената со волонтерска група од 20 членови која обезбедува лекови и им помага на луѓето да избегаат од војната. Еден од членовите на бендот служи во единицата за територијална одбрана.

Во понеделникот обложувалницата Oddschecker постави прогноза за групата како солиден победник на овогодинешната Евровизија, но Псиук не е подготвен да слави.

– Не можам да уживам додека сум загрижен за моите најблиски. Војната ме раздели од мојата девојка. Таа е на 300 километри од мене. Не можеме да се гледаме бидејќи е многу опасно. Таа седи во бункерот додека јас сум тука и додека сирените за воздушни напади постојано се вклучени –  изјави тој за странските медиуми и додаде дека неговата девојка прави молотови коктели за да помогне во одбраната на земјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by КАЛУШ (@kalush.official)

Членовите на бендот вежбаат одделно, но планираат да се сретнат наскоро во Лавов за да ја извежбаат нивната песна Stefania, за која Псиук вели дека станала химна на Украинците за време на војната.

-Какви и да се околностите, ќе одиме на Евровизија, ќе се обидам да бидам корисен за Украина. Дури и да заврши војната во блиска иднина, сепак нема да биде лесно затоа што ќе ни треба многу време се повторно да обновиме. Земјата е во урнатини – рече тој.

Финалето на Евровизија, еден од најголемите телевизиски настани, ќе биде во Торино, Италија на 14 мај. Ако Оркестар Калуш победи, Украина треба да биде домаќин на натпреварот во 2023 година.
Оркестар Калуш е замена за украинската песна во изведба на Алина Паш, која првично требаше да ја претставува Украина.

За Псиук, славата на Евровизија е можност за подигнување на свеста.

„Ако мислите дека тоа нема да и се случи на вашата земја, за тоа нема гаранција. И ние мислевме дека тоа нема да ни се случи, затоа ќе ја запреме што е можно поскоро. Сакаме мирот конечно да дојде во Украина“, рече тој.

 

 

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....