05:24 - 29 март, 2026

Твитер отпушти најмногу вработени кои се бореа против ширењето лажни информации

Добар дел од вработените во компанијата Твитер, кои беа ангажирани во борбата против ширењето лажни информации во истоимената социјална мрежа, вчера беа отпуштени. Ова го објави каналот NBC, повикувајќи се на порака од поранешни вработени во компанијата, која е во сопственост на милијардерот Илон Маск (поседува 208 милијарди долари, според Форбс).

Според соговорниците на каналот, особено многу луѓе биле отпуштени во тимови кои се одговорни за „здравјето на корисниците“, кои обезбедуваат нормално функционирање на страницата и го следат присуството на забранети содржини на социјалната мрежа, вклучително и оние поврзани со поттикнување омраза меѓу корисници.

Отпуштањата може да доведат до „хаос“ пред изборите закажани на 8 ноември, рекоа двајца отпуштени вработени, пренесува Ен-би-си.

Претходно на 5 ноември, Си-Ен-Ен објави дека Твитер започнал со отпуштања по купувањето на компанијата од Маск.
Според каналот, сè уште не може да се зборува за обемот на отпуштањата. Сепак, познато е дека вработените одговорни за маркетинг, односи со јавноста, следење на работата на системите за вештачка интелигенција и проверка на податоците за веродостојност добија известувања за отказ.

Пред тоа, истиот ден, американскиот претседател Џо Бајден ја обвини социјалната мрежа Твитер дека шири „лаги на целиот свет“.

Слични објави

(Фото) Талија на милиметри од скандал

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....