14:38 - 1 април, 2026

Твитер наскоро со нови правила: Ако сакате да продолжите да твитате, ќе мора да бришете лажни тврдења за анти-ковид вакцините

Барања до корисниците за отстранување на лажни тврдења за анти-ковид вакцините ќе испорачува Твитер од наредната недела. Социјалната платформа, на тој начин, ќе се придружи на Фејсбук и на Јутјуб кои веќе го применуваат тоа правило.

– Во оваа пандемија, дезинформациите претставуваат главен и растечки здравствен предизвик, објавија од Твитер.

Социјалната мрежа ќе може да побара од корисниците да избришат лажни тврдења кои упатуваат дека вакцините се користат за штета или контрола на популацијата, лаги за наводни нус-појави или доколку се доведува во прашање самото постоење на ковид-19 и потребата од вакцинирање.

Оние кои ќе бидат погодени со новите мерки, ќе мора да ги избришат таквите пораки пред да можат повторно да твитаат.

Од почетокот на 2021 година, Твитер планира да стави предупредување за објави кои содржат неосновани гласини, како и нецелосни или информации што се надвор од контекст за вакцините. Платформата веќе спроведува правила во врска со дезинформации за ковид-19, но сега најавува и посебни мерки за содржина за вакцините.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....