17:24 - 10 ноември, 2026

ВИДЕО | Здравствените работници порачуваат: Да ги прославиме новогодишните празници со најблиските

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски. Па така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека не смееме да се откажеме, посебно не сега, во последните мигови.

Здравствените работници ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно” за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Тие порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.

„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!”, порачуваат здравствените работници.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....