5.8 C
Скопје
05:35 - 1 април, 2026

ТВИТЕР најави строги мерки за профилите кои прават пропаганда за Русија

Твитер најави нови мерки против руската влада за намалување на дистрибуцијата на лажни вести.

„Кога владата го блокира или ограничува пристапот до онлајн услугите во својата држава, поткопувајќи го гласот и можноста за слободен пристап на информациите до луѓето, но во меѓувреме таа продолжува да ги користи онлајн услугите за свои комуникации, се создава сериозен информациски дисбаланс“.

Ова се причините поради кои Твитер најави воведување мерки кои ќе го ограничат влијанието на официјалната руска пропаганда за Украина на неговата социјална мрежа.

Официјалните руски профили повеќе нема да им се „препорачуваат“ на корисниците на Твитер за сите категории на апликацијата, вклучително и истражувањата, се вели во соопштението на платформата.

Твитер, како и Фејсбук и Инстаграм, веќе ги забранија официјалните руски медиуми РТ и Сопутник, сметајќи ги за фабрики на „лажни вести“.

„Ние нема да ги прошириме или препорачаме владините профили кои припаѓаат на држави кои го ограничуваат пристапот до бесплатни информации и кои се вклучени во меѓудржавна војна, без разлика дали Твитер во тие земји е блокиран или не“, рекоа од Твитер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....