9.8 C
Скопје
03:09 - 4 април, 2026

Твитер „гори“ против книгата и интервјуата на принц Хари: „Престани да изигруваш жртва“, „Те прогонувале медиумите, а сега преку медиуми сееш патетика“…

Интервјуто на принцот Хари со Андерсон Купер на „60 минути“ предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Хари зборуваше за неговиот однос со семејството и за физичката пресметка со брат му, принцот Вилијам, која се случила пред неколку години – со цел промоција на неговата книга „Резерва“ која од денес го бранува светот (достапна во продажба во поголемите книжарници низ Европа).

Тој рече дека веќе некое време не разговара ниту со својот брат ниту со неговиот татко, кралот Чарлс III.

На прашањето дали некогаш би можел да се врати во кралското семејство и да стане постојан член, Хари одговори:

– Не можам да замислам дека тоа ќе се случи.

Принцот Хари зборуваше и за бракот на неговиот татко и Камила Паркер-Боулс и за смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

Тој рече дека бил толку вознемирен поради смртта на неговата мајка што се свртел кон обилно пиење и употреба на дрога, вклучително и кокаин, за да се справи со тагата.

Многу корисници на Твитер сега пишуваат дека Хари е „очаен“ и дека „навистина има голема траума“, но сметаат дека не требало да го објави својот приватен живот јавно.

Многумина пак, го бранеа Вилијам, принцот од Велс по интервјуто на Хари.

„Дали Хари мисли за некој друг освен за себе?“, „Хари, звучиш многу детски. Никогаш нема да бидеш како Вилијам“, „Не го уништувај своето семејство“, „Хари знае дека кралското семејство не може да се брани, но тој сè уште отворено ги напаѓа. Тоа го прави кукавица. „Престани да шириш лаги и да се преправаш дека сте жртва“, „Некој што рече дека медиумите го прогонуваат сега не може да престане да кука во медиумите“, „Ова беше непотребно“, се само некои од коментари на Твитер.

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....