07:23 - 7 ноември, 2026

(Фото) На 93 години, мајката на Карла Бруни практикува капење во студена вода: „Тоа е тајната на совршеното здравје“

Кој би помислил? Мајката на Карла Бруни, поранешната успешна пијанистка Мариса Борини, не се плаши да искапе во студена вода, напротив, вели дека ова редовно го практикува без разлика на годишното време, па секако и во зима. Инаку, мајката на поранешната прва дама на Франција има 93 години.

Манекенката и сопруга на Никола Саркози на својот Инстаграм профил ја претстави својата мајка Мариса, објавувајќи фотографија на која е прикажана старата шармантна дама во базен, уживајќи во студената вода и позирајќи со широка насмевка. Интересно е што во зима, ваквата велнес практика Мариса ја изведува со џемпер и волнена капа на главата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carla Bruni (@carlabruniofficial)

„Ова е мајка ми Мариса, има 93 години, пишува Карла Бруни. „Во нашето семејство сите сме љубители на студената вода: ледени бањи и туширање со студена вода практикуваме секој ден. Изгледа дека студот е од голема корист за целото тело и енергијата што ја чувствувате после студен туш е неверојатна. Дали некогаш сте робале? Можеби изгледа чудно, особено среде зима, но после ваква практика станувате тотално ревитализирани“, заклучи супермоделката.

Придобивките од капењето во студена вода не се непознати ни за лекарите. Ајсмен Вим Хоф, холандски спортист и познат инструктор за нуркање во студена вода, објаснува дека контактот со студот активира многу витални функции на телото. Со него се согласува и д-р Гвидо Џакопели, медицински директор на клиниката „Вила Брасини“ во Милано, експерт за геријатрија, естетска медицина и традиционална кинеска медицина, објаснувајќи дека „капењето во студена вода, на температура која е пониска од 15 степени, предизвикува серија на физиолошки механизми кои влијаат на различни органи и даваат корисни ефекти на краток (во рок од 48 часа) и долг рок на нашето тело. На кардиоваскуларно ниво, студот предизвикува редистрибуција на крвта и лимфниот проток, со позитивни ефекти врз крвниот притисок, го регулира отчукувањето на срцето, а делува позитивно и на детоксикација. На краток рок пак, ваквата активност предизвикува намалување на воспалението на ткивото и мускулното микро-оштетување предизвикано од физички вежби, дава побрзо закрепнување на телото по физички напор, особено ако е интензивен. Долгорочно, дејството на дренажниот капацитет на лимфниот систем и на самите лимфоцити, а со тоа доведува до зајакнување на имунолошкиот систем.

На ниво на ендокриниот систем, како што објаснуваат лекарите, потопувањето во студена вода влијае на дејството на одредени супстанции како што се ендорфин, норепинефрин, допамин, кортизол, создавајќи позитивно и прогресивно долгорочно влијание врз расположението и квалитетот на сонот. Краткорочно пак, ја подобрува способноста за концентрација, ги намалува болните симптоми при воспаление, промовирајќи чувство на релаксација и психофизичка благосостојба. Најпосле, позитивно влијае и на кожата, на регулација на порите и на еластичноста на сврзните ткива, воопшто на текстурата и тонот на кожата, подобрувајќи го и нејзиниот изглед.

Истата практика на капење во студена вода редовно ја применува и поранешната супермоделка Хелена Кристенсен (55).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena (@helenachristensen)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....