10:57 - 12 ноември, 2026

„Три пати сум државен првак и освоив 25 златни медали“: Разговор со Јован Врклевски, златното момче на Балканијадата

Тринаесетгодишниот Јован Врклевски до златниот медал на Балканијадата стигна со 4 убедливи победи.

фото приватна архива

Јован Врклевски од Карате клуб от,, Кизаме ” е балкански првак во карате со освоен златен медал во категорија борба до 45 килограми. Тој за време на Балканското првенство кое што се одржа од 3ти до 5ти овој месец во Белград ги победи натпреварувачите од Словенија, Србија и Хрватска.

– Морам да кажам дека си поминав многу убаво во Белград, се прошетав и видов многу нешта. Но главно бев за натпреварувањето. Првата борба ми беше со претставник на Србија и го победив 8-0, втората борба ми беше со Хрват и го победив 1-0, третата со Словенец со резултат 6-0 и на крај за злато се борев пак со Србин и го победив 4-1. Искрено сите ми беа лесни, немав тешка борба – вели Јован.

Македонија е земја каде карате успесите се редовни, независно за која категорија и возраст се работи. Затоа Јован има една единствена цел кон која се стреми да ја достигне и да ги запише своите карате успеси во карате блтенот.

– Планирам да продолжам со вежбање карате, целта ми е да станам европски шампион. Затоа тренирам, имам и тешки тренинзи, но јас редовно си доаѓам и работам на техника, на кондиција, на брзина – ни открива Јован.

Иако има само 13 години, за Врклевски победите не се непознати, а златните медали се потврда за неговата упорност и талент.

– Три пати сум Државен првак на Македонија, имам освоено 25 златни медали , досега сум се натпреварувал во Софија, Бугарија, во БиХ во Сараево и Бања Лука и во Хрватска во Пореч и во Загреб.

Јован тренира под будното око на тренерот Дејан кој по успехот на Јован е презадоволен.

– Ова дете е едно од најталентираните во Македонија, следејки ги неговите борби Јован докажува дека кај нас има расадник за нови имиња во карате спортот. Пред сериозните натпреварувања како сега за Балканското трениравме 4 недели по два пати дневно. – вели тренерот Дејан Ристевски.

Се додека желбата е голема, а талентот присутен успесите ќе бидат загарантирани. Тоа се докажува со успесите на младите како Јован.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....