22:25 - 28 јануари, 2026

Три месеци бев неподвижен: Исповед на пливачкиот херој Марко Пејчиновски

Емотивна приказна за своето здравје сподели младиот охридски пливач Марко Пејчиновски, кој со некроза на ногата на само 12 години го преплива Охридското езеро. Марко ова лето направи уште еден херојски подвиг, откако по повеќе месеци напорни тренинзи, по многу падови, повреди и искушенија, успешно го заврши модифицираниот „Ијронмен“ триатлон.
-Целта е постигната. Триатлонот е успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед и 9 часа и 29 минути пливање. Ви благодарам на сите за поддршката, порача Марко по подвигот. 

Предизвикот тој го започна  во Св. Наум од каде трчаше до Струга, по што со велосипед се врати до Св. Наум, Веднаш по пристигнувањето, тој со пливање тргна кон Охрид. Неверојатниот „Ајронмен“ триатлон е со вкупна должина од 107 километри. Марко на својот Фејсбук профил вчера ја опјави оваа емотивна исповед:

-Пред некој ден, ја споделив информацијата кога ја добив мојата најголема награда, престижната Повелба „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“, за 2018 година.
Тоа беше круна на таа 2018-та година. Очекувањата за наредната ми беа огромни, но судбината имаше други планови… Научив колку брзо можат да се сменат работите.
Откако бев приморан, поради болките во ногата, да го прекинам пливањето, кое беше посветено на децата со ретки болести, голем дел од јавноста ги нападна моите родители.
Тоа беше само почетокот на искушенијата. Моравме да бараме решение за болките во ногата, и го најдовме во форма на операција, која три месеци ме остави неподвижен.
Постојано затворен во иста соба, лежејќи во ист кревет, без можност да станам, да се туширам или да ги извршам најобичните дневни потреби, оставен сам со своите мисли, доживеав моменти кога сакав да завршам со сѐ…
Фото / Фејсбук
Тогаш сфатив колку брзо се движи животот.
Во рок од само една година, од највисоките врвови се најдов на најниското дно.
Судбината не ја интересира колку години имаш. Праќа искушенија додека не се откажеш, и тука имаш две опции: Да се откажеш и да се жалиш дека животот не е фер. Или да го прифатиш животот таков каков што е, да се обидуваш, додека нешто не успее и да извлечеш најдобро од моменталната ситуација.
Изборот е твој. За мојот избор, ќе можете да прочитате во книгата која за скоро ќе е готова-  објави спортскиот херој.
Фото / Фејсбук

Слични објави

Прво огласување на Николија и Реља по шпекулациите за неверството на пејачот: Познатиот пар никогаш не бил поискрен за својот однос!

Еспресо

(Видео) Зошто Данијела Димитровска носела марама на главата во текот на целата венчавка? 

Еспресо

(Фото) Да се растопиш од милина: Прва фотографија на Огњен Амиџиќ со новородената ќерка

Еспресо

(Фото) Љубовта им цвета: Лазар Ристовски ужива во Милано со 39 години помладата Аница

Еспресо

Огњен Амиџиќ не отиде по сопругата и бебето од породилиштето, откриена е причината зошто

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од спалната: Бруклин Бекам објави интимни моменти со сопругата Никола Пелц

Еспресо
Се вчитува....