5.8 C
Скопје
02:27 - 1 април, 2026

Трамп го одложи големиот митинг во Аризона поради смртта на поранешната сопруга: „Од љубов и почит кон Ивана“

„Од љубов и почит кон Ивана, нашиот голем митинг во Аризона ќе биде одложен за следниот петок“, напиша Трамп.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека го одложил митингот во Аризона поради смртта на неговата поранешна сопруга.

Имено, на митингот во Аризона кој требаше да се случи во сабота, се очекуваше Трамп да навести дека би можел да биде кандидат на претседателските избори во 2024 година.

– Од љубов и почит кон Ивана, нашиот голем митинг во Аризона ќе биде одложен за следниот петок – напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи.

Потсетуваме дека Ивана Трамп беше првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а почина во четвртокот на 73-годишна возраст.

На митингот во Аризона ќе се одржат прелиминарните избори за гувернерот и Сенатот на Републиканската партија.

Трамп беше 45-тиот претседател на САД, од 20 јануари 2017 година до 20 јануари 2021 година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....