23:36 - 9 јануари, 2026

Тоти пред драматичен развод: „Ќе ѝ ги вратам ташните кога ќе ми ги врати украдените ролекси!“

Италијанската фудбалска ѕвезда Франческо Тоти тврди дека неговата поранешна сопруга го напуштила нивниот стан и со себе земала скапи часовници ролекс, пишува британскиот весник The Times.

Неговиот брак со телевизиската водителка Илари Блази, кој траеше 17 години, секогаш беше симбол на стабилност и инспирираше многумина. Сепак, спектакуларно се распадна кога почнаа да се појавуваат обвиненија за прељуба, а медиумите објавија дека Тоти наводно ѝ ги земал скапите чевли и ташни на Блази затоа што му ги земала часовниците.

Медиумите тврдат дека станува збор за вистинска сага која допрва треба да добие судска пресуда. И покрај обвинувањата за прељуба на Тоти, неговите фанови веруваат дека тој е исклучително лојална личност бидејќи со години му е лојален на својот клуб Рома и неговиот роден град. Имено, тој во Рома помина 24 години од својата кариера и секогаш важеше за добар играч со одлична смисла за хумор. Обожавателите особено го почитуваат зашто знае да прави шеги на своја сметка, а тоа го покажа кога по пензионирањето во 2017 година објави книга со собрани шеги што се однесуваат на него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

Тоти се ожени со Блази во 2005 година, кога таа беше млада ТВ ѕвезда и модел. Парот беше постојана мета на папараците, исто како и нивните три деца. Пред неколку месеци се појавија гласини дека Тоти е снимен со друга жена.

– Не сум ни прв ни единствен што изневерил – кратко изјави фудбалерот за медиумите. Имено, новинарите ја открија аферата на Блази со нејзиниот личен тренер.

Поранешниот фудбалер откри дека нашол докази за прељуба во нејзиниот мобилен телефон. Тој вели дека по раскинувањето ја сокрил колекцијата скапи часовници бидејќи „што друго можел да направи“. Но, тој наводно притоа ја запленил и колекцијата вредни чанти на неговата сопруга, од кои само една вреди повеќе од четири илјади фунти. Таа поднела тужба за да ѝ бидат вратени ташните, а во петок е закажано судско рочиште.

–Таа треба само да ги врати часовниците и сѐ ќе биде во ред – рекол извор близок до Тоти, пренесува Тајмс. Нивните адвокати не сакаа да коментираат како оваа кавга ќе се одрази на нивните три деца, само кратко изјавија дека нема да има никакви проблеми.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....