9.8 C
Скопје
15:12 - 31 март, 2026

„Тој е многу проблематичен“: Ова не е првпат синот на Анџелина Џоли да има несреќа

Пакс Џоли-Пит (20) тукушто излезе од болница по несреќата со скутер, поради која сведоците стравуваа дека нема да преживее, пишува Пејџ сикс. Сепак, треба да остане подолго дома на домашно лекување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pax Jolie Pitt (@paxalbum)

Полицијата потврди дека посвоениот син на Бред Пит и Анџелина Џоли не носел кацига кога неговиот скутер прелетал преку задниот дел од автомобилот кој бил запрен на црвено светло. Младиот човек по несреќата веднаш се пожалил на болки во главата и колкот, па веднаш бил пренесен во болница.

Изворите велат дека ова не е прва несреќа на Пакс.

“Неговите пријатели се загрижени за него. Тој е несовесен. Тие се многу загрижени”, рекол инсајдер за Пејџ сикс.

Друг извор изјави дека синот на Анџелина Џоли кршел не само скутери, туку и автомобили.

“Тој беше вклучен во голем број сообраќајни несреќи. Пакс е проблематично дете и Анџелина прави се што може за да му помогне”, рекол инсајдерот.

Во меѓувреме, Бред Пит сакал да го контактира Пакс или да го посети во болница, но никој не одговарил на повиците на актерот.

„Рацете му се врзани“, рече инсајдерот за Пит.

Потсетуваме дека Пакс е посвоен од сиропиталиште во Виетнам кога имал три години.

 

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....