13:36 - 11 ноември, 2026

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Телевизиската водителка Јована Јеремиќ вечерва се појавила со својата ќерка Леа на гала-настанот на Адам Адактар, организиран по повод отворањето на „Палатата Адактар“.

Мајката и ќерката го испочитувале пропишаниот начин на облекување за настанот, но Леа добила и посебни „инструкции“ од сегашниот партнер на Јована, Милош Стојановиќ, познат како Тигар.

Јована и нејзината ќерка откриле каков договор постигнале Тигар и девојчето, односно што треба да направи Леа доколку на нејзината мајка ѝ пријде маж во момент кога тој не е во близина.

„Милош ѝ рекол на Леа дека на мама можат да ѝ приоѓаат новинари, но ако ѝ пријде некој маж, да ми се јави и јас ќе дојдам. За возврат, ќе ѝ купи руска мачка“, низ смеа раскажала Јована.

Токму овој договор меѓу Тигар и малата Леа бил дел од разговорот со водителката на настанот, а повеќе детали може да се видат и во видеото што го објавил порталот.

Јована неодамна открила и дека решила да го промени својот работен ритам и да работи еден ден помалку во неделата, поради семејните обврски.

„Одлучив да работам еден ден помалку. Лично се откажав од тој ден во корист на Сарапа, бидејќи не можам да стигнам поради семејството. Инаку, тоа беше негов ден, а јас две години издржав по желба на Жељко. Според договорот, само сабота и недела“, објаснила Јеремиќ.

Слични објави

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо

Десерт за славската трпеза — рецепт за посна торта „Реформ“ со ореви и чоколадо

К.С.
Се вчитува....