20.8 C
Скопје
20:01 - 29 септември, 2026

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Пејачката Александра Пилева-Чадиев, која со семејството веќе 13 години живее во Чикаго, по долго време објави заедничка фотографија со сопругот Зоран Чадиев, поранешен тренер на македонската женска одбојкарска репрезентација. На социјалните мрежи таа сподели и фотографија од Зоран со нивниот син Лука.

Семејството позира во опкружување со многу зеленило, а Пилева објави одделни фотографии со сопругот и со синот. На една од објавите посветени на Зоран напиша „You look so good“ (Изгледаш многу добро).


Зоран Чадиев на македонската јавност ѝ е познат од спортот. Тој беше тренер на женската одбојкарска репрезентација на Македонија, а со Александра пред заминувањето во САД имаа и свој рок-бар во Скопје. Во 2013 година сопружниците со синот Лука се преселија во Чикаго, каде што го продолжија семејниот живот.

Александра, која потекнува од Неготино, публиката ја памети по „Ангел мој“ и „Нема утеха“, големиот хит со кој победи на „Макфест“ во 2004 година. Таа беше дел и од музичките проекти за млади таленти на „М2“.
По преселбата во Америка, Пилева изгради и нова професионална кариера и работи како агент за недвижности. Сепак, не се откажа целосно од музиката и повремено настапува, меѓу другото и пред македонската публика во САД.

Иако Александра повремено споделува семејни моменти на социјалните мрежи, Зоран поретко е во фокусот на нејзините објави, па новите фотографии се ретка можност јавноста да го види сопругот на пејачката и нивниот син Лука.

Лука, кој е роден во 2011 година, веќе сериозно се занимава со тенис, а неговите родители со гордост ги следат неговите спортски успеси. Александра неодамна објави дека тој освоил прво место на петтото ниво на турнирот „Glenview End of Summer“ во САД.

„Лука е шампион на петтото ниво. Напорната работа се исплати. Многу сме горди“, напиша тогаш Пилева, споделувајќи го неговиот успех.
Така, спортот останува важен дел од семејството Чадиев. Таткото Зоран долги години беше поврзан со одбојката и тренерската работа, а сега Лука гради свој спортски пат во тенисот, со голема поддршка од родителите.

Слични објави

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо
Се вчитува....