6.8 C
Скопје
06:00 - 30 март, 2026

Тешки денови за родителите на Кејт Мидлтон: Ќерка им се бори со рак, но тоа не е единствениот проблем што ги мачи

Во семејството Мидлтон, проблемите постојано се трупаат. Откако на почетокот на оваа година дознаа дека нивната најстара ќерка Кејт Мидлтон има рак, поради што е подложена на превентивна хемотерапија, на нивниот бизнис е зададен нов удар.

Проблеми имаат со нивната компанијата Party Pieces, која ја основале во далечната 1987 година и благодарение на која го стекнале своето богатство. Имено, за време на пандемијата на коронавирус, бизнисот им отишол во надолна линија, долговите се натрупувале, поради што Керол Мидлтон донесе одлука да се ослободи од компанијата.

Семејството Мидлтон ја „препуштија“ компанијата на Интерпат Адвајзори, фирма која ангажира експерти за реструктуирање кои требале да ја решат несолвентноста на компанијата, но тие не успеаја и не можат да ги покријат сите трошоци за компензација бидејќи растечкиот износ надминува 260.000 фунти.

Според Тајмс, компанијата открила дека „реализацијата на средствата на Party Pieces била недоволна за покривање на трошоците од 268.928 фунти од времето на консултантите“, што значи дека тимот на Интерпат не бил во можност да ги надомести вкупните надоместоци за работата на експертите за реструктуирање, кои наплаќале околу 566 фунти на час.

Инаку, и самата Кејт Мидлтон пред бракот со принцот Вилијам како менаџер на целиот проект работеше во семејната компанија Party Pieces, а работата ја напуштила во 2011 година во пресрет на кралската венчавка.

 

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....