00:47 - 5 април, 2026

Тешката животна приказна на Метју Пери: „Пиев 55 апчиња против болка дневно, крадев таблети по туѓи домови на врвот на славата“

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ Метју Пери (53), кој ненадејно почина во саботата во џакузи, ги промовираше своите мемоари пред неколку години, каде откри дека своевремено ограбувал плакари од бањи во туѓи куќи.

„Влегував прку отворените врати на куќите кои беа на продажба и одев во купатилата прашувајќи се дали имаат таблети, и ги крадев. Мислам дека луѓето мислеа „па, нема шанса Чендлер да влезе кај нас и да украде од нас“ – призна Пери.

Ваквите грабежи ги правел за време на врвот на славата.

Во своите мемоари, тој откри и дека присуствувал на 6.000 состаноци на анонимни алкохоличари, поминал 30 години на терапија, на рехабилитација поторшил 9 милиони долари и дури 65 пати бил подложен на детоксикација.

Првпат вкусил алкохол кога имал само 14 години.

Целата своја животна приказна, подеми и падови и борба со зависностите ја откри во своите мемоари. Тој опиша се, и како во еден момент поради лекови му пукнало дебелото црево, поради што бил во кома две недели и пет месеци во болница.

Тој станал зависен од апчиња откако првпат земал лек против болки во 1997 година по повреда на џет ски. Тој станал зависен од чувството кога го пиел апчето – болките исчезнувале, и рекол дека зема 55 Викодин апчиња дневно.

– Можете да следите како се развивала мојата зависност преку мојата тежина во серијата од сезона во сезона. Кога бев дебел, тоа беше алкохолот. Кога сум слаб, тоа се апчињата. Кога имам козја брадичка, тоа се многу апчиња“, изјави тој своеремено за ABC.

Пери како гостин на „The Late Show With Stephen Colbert“ отворено објасни дека за време на операцијата неговото срце застанало 5 минути поради болки во стомакот. Морале да го оживеат, а при оживувањето му скршиле осум ребра.

(Фото) Последната фотографија објавена од Метју Пери предизвикува морници: Се сликал во џакузи и испратил таинствена порака

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....