11.8 C
Скопје
19:52 - 17 октомври, 2026

Д-р Иги: „Би дал сè само братот да ми е жив, а не ми дозволуваат ни да посвојам дете“

Музичката ѕвезда од деведесеттите, Игор Тодоровиќ — познат како Д-р Иги, во емотивна исповед отворено прозборе за најтешките животни удари, загубата на родениот брат и неостварената желба да стане татко. Пејачот призна дека смртта на братот целосно го скршила и му го променила животот, оставајќи го да се бори сам без никаква семејна поддршка.

Тој истакна дека често оди на неговиот гроб за да поразговара со него и да му ги сподели сите важни момнти, додавајќи дека би се откажал од сиот имот, парите и автомобилите само за да може да го врати братот.

„Би сакал да ми земат сè, куќата, колата и парите, само тој да ми е жив. Попрво би седел во гаќи на Панчевачкиот мост, без денар, зошто знам дека со него повторно би создал сè, но за жал, тоа е невозможно“.

Покрај семејната трагедија, Д-р Иги откри дека негова најголема болка е тоа што сè уште не се остварил како родител. Иако смета дека би бил одличен и одговорен татко кој на детето би му го посветил целиот свој живот, тој се соочува со строги законски и општествени пречки кои не му дозволуваат да посвои дете бидејќи е маж кој живее сам.

„Мене никој не би ми дал да посвојам дете бидејќи сум маж и живеам сам. Би бил прекрасен татко бидејќи сум многу одговорен, точен и прецизен. Моето дете би имало сè што му треба, а јас би добил вистинска смисла во животот бидејќи целосно би му се посветил нему“.

Пејачот искрено призна дека без деца чувствува дека живее живот без вистинска смисла, изразувајќи голем страв дека доколку нема машки наследник, неговата лоза Тодоровиќ засекогаш ќе згасне.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо
Се вчитува....