7.8 C
Скопје
19:36 - 30 март, 2026

Тејлор Свифт откри дали ќе се повлече од музиката по свадбата со Тревис Келси, обожавателите во паника

Тејлор Свифт (35), која пред неколку дена го издаде новиот албум „The Life of a Showgirl“, гостуваше во емисијата на „Би-би-си Радио 2“ кај Скот Милс. Во интервјуто, Милс ѝ постави изненадувачко прашање, дали планира да престане да се занимава со музика откако ќе се омажи за својот вереник, Тревис Келси (36), пренесува „Ел“.

Свифт со насмевка, но и доза на шок, одговори дека тоа е навистина навредливо прашање и дека луѓето не се венчаваат за да дадат отказ од работата. Таа призна дека слушнала за шпекулациите меѓу фановите, кои се загрижиле дека по свадбата ќе се повлече од сцената, но додаде дека го сака човекот со кој е токму затоа што тој го сака тоа што го прави.

„Тој ја почитува мојата уметност, мојата страст и тоа е најубавото нешто кај Тревис, и самиот е толку посветен на својата работа, што нашата страст кон она што го правиме нè поврзува“, рече Свифт.

Пејачката истакна дека најубавото нешто е што можат да се поддржуваат еден со друг, иако нивните професии се толку различни, но сепак имаат и многу заедничко.

Што се однесува до свадбата, Свифт вели дека не брза и дека сè прави чекор по чекор, моментално фокусирана на музиката. Инаку, новиот албум веќе руши рекорди, пред излегувањето биле направени над 63 милиони нарачки, со што е надминат успехот на минатогодишниот проект „The Tortured Poets Department“.

Слични објави

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....