5.8 C
Скопје
20:04 - 28 март, 2026

ТАЖНИ откритија за смртта на ТЕЈЛОР ХОКИНС: Имал 10 видови психоактивни супстанции во телото, го пронашле откако се јавил на рецепција!

Тапанарот на Фу Фајтерс, Тејлор Хокинс, во моментот на смртта имал 10 психоактивни супстанции во телото, вклучително и опијати, објавија во саботата колумбиските власти.

Тапанарот на познатиот американски бенд бил пронајден мртов во петокот (на 50-годишна возраст) во хотелска соба во Богота, каде што бендот требало да настапи истата вечер.

„Токсиколошката анализа досега откри десет супстанции во телото на Тејлор Хокинс, вклучувајќи опијати, антидепресиви, анксиолитици и марихуана“, соопштија колумбиските власти.

Обвинителството на колумбиската држава официјално не ја објави причината за смртта, но локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, наведуваат дека станува збор за предозирање со хероин и комбинација од антидепресиви и бензодиазепини.

Медиумите објавија и дека тапанарот бил пронајден мртов во неговата соба во хотелот Каса Медина откако се јавил на рецепција и се пожалил на болки во градите. Меѓутоа, Брзата помош го пронашла без знаци на живот.

Хокинс во минатото имал проблеми со зависност од дрога и едвај преживеал предозирање пред 20 години.

Групата Foo Fighters е основана во 1994 година од Дејв Грол, тапанарот на Нирвана. Бендот има издадено 10 студиски албуми со бројни хит синглови како „Everlong“, „Times Like These“ и „Learn To Fly“.

Тие освоија 12 Греми и беа примени во Куќата на славните на рокенролот минатата година.

Хокинс е нивен член од 1997 година, а претходно свиреш со Аланис Морисет.

Што остави зад себе ТЕЈЛОР ХОКИНС: Детали за неговиот приватен живот, наследството, дрогата, љубовта…

Слични објави

(Предлог филм за саботна вечер) Малиот црн фустан на Одри Хепберн како посебна филозофија во „Појадокот кај Тифани“?

Еспресо

„Се бори“: Пејачот откри во каква состојба е вдовицата на Халид Бешлиќ

Е.А.

Јелена Розга се прошета низ Њујорк со јакна од 2.500 евра

Еспресо

(Фото) Се мажи 16-годишната ќерка на Тајсон Фјури! За моминската вечер сакала да изгледа како грчка божица

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо
Се вчитува....