5.8 C
Скопје
01:56 - 9 април, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот манекен Филип Алексовски

Македонската модна сцена во неверување се збогува со познатиот манекен Филип Алексовски, член на модната агенција Модел Ин каде градеше долгогодишна успешна кариера.

Веста за неговата смрт ја растажи јавноста, а во негова чест најмалку што можеме да направиме е да се потсетиме на неговата кариера.

Фото: modelmanagement

Овој манекен со маркантен и специфичен изглед е роден на 1 октомври 1993 година во Скопје, а со манекенкство почнал да се занимава во 2008 година кога се појавил на кастинг во модната агенција Моделс Ин.

 

Фото: modelmanagement

 

„Потоа ги посетуваше нашите курсеви во 2010 година и од тогаш активно работеше како модел кај нас и во Белград. Беше на првата роденденска реклама за Скопје Сити Мол, два пати беше заштитно лице на модниот бренд Румор, се појави во кампањи за Bistisani, Sheezick na Reezick, Nike, реклами за Apple Bandit и Pepsi, фотосесии за Fashionel.mk, модни ревии за Кокев, Made in Macedonia, FSWK, Ристо Бимбиловски, Јован Петровски… Последната ревија му беше во јуни на настан на Британската амбасада, кога носеше модел на реномираниот дизајнер Никола Ефтимов. Исклучителен професионалец и модел кој поседуваше огромни квалитети како одговорност, прецизност и посветеност, Филип остави голема трага на македонската модна сцена и ќе го паметиме како урбан и прекрасен лик, а јас лично како квалитетен модел кој се појавува еднаш на 50 години. Огромна чест и привилегија е што беше дел модната приказна на Моделс Ин повеќе од 10 години“, изјави Алек Наумовски од Моделс Ин.

Извор: Stylist

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....