9.8 C
Скопје
21:30 - 17 март, 2026

ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ ЈА МОЛИ ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО: Сакам да си ги видам внуците

меган маркл, томас маркл

Таткото на Меган Маркл сега преку британските медиуми ја моли неговата ќерка да му дозволи да ги види внуците и вели дека нема да се откаже од појавувањето во медиуми додека таа не попушти и не се смират.

Томас Маркл за програмата „Good Morning Britain“ на ИТВ откри дека тој и неговата ќерка мораат да пораснат, да разговараат и да се смират заради децата.

„Ова е смешно, поминаа скоро четири години, лудо е“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by In Touch Weekly (@intouchweekly)

Како што вели, тој се уште не го запознал својот внук Арчи, роден во 2019 година, или внуката Лилибет, родена во јуни.

„децата ќе пораснат без да знаат дека имаат две семејства“, рече Томас. „Нивната прабаба е кралицата на Англија и мислам дека е важно да знаат дека имаат две семејства. На крај кога ќе пораснат ќе сакаат да знаат повеќе за нив“, додаде тој.

77-годишниот Томас Маркл беше интервјуиран од неговиот дом во Мексико. Тој тврди дека Меган, која стана војвотка од Сасекс откако се омажи за принцот Хари, сакала да престане да разговара со својата полусестра и полубрат, но тој не можел да го направи тоа.

 

„Никогаш порано не била таква. Откако е со Хари, таа се промени“, додаде Маркл.

Томас се разделил од мајката на Меган, Дори Рагланд, кога војвотката била млада. Сепак, Рагланд присуствуваше на венчавката на нејзината ќерка во замокот Виндзор и пиела чај со кралицата Елизабета Втора. Томас Маркл не присуствуваше на венчавката откако беше откриено дека се согласил на исценирани папараци фотографии. Кратко по кралската венчавка, Меган го прекинала контактот со него.

Хари и Меган го изненадија кралското семејство минатата година кога објавија дека се повлекуваат од кралските должности. Тие се преселија во Лос Анџелес, прекинувајќи ги финансиските врски со кралското семејство и потпишувајќи голем број профитабилни договори, вклучително и со „Нетфликс“ и „Епл ТВ+“.

Слични објави

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо

Весна Змијанац се потсети на бракот со Кемиш: „Се обидувавме да имаме дете, но не ни успеа“

Еспресо
Се вчитува....