7.8 C
Скопје
09:35 - 30 март, 2026

Таткото на Ѓорѓе Давид загинал во сообраќајна несреќа пред години, заедно биле во автомобилот

Ѓорѓе Давид утрово доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, во која за жал загина една жена. Ова не е прв пат Ѓорѓе да се соочи со трагични несреќи, откако во сообраќајна несреќа во младоста го загуби својот татко.

Ѓорѓе откри дека неговиот татко Василије имал значително влијание врз неговата кариера. Растејќи во средина на академски образовани луѓе, Ѓорѓе ја пронајде својата љубов кон уметноста благодарение на неговиот татко. Тој откри дека неговиот татко бил таен советник во кабинетот на Тито и дека неговата смрт имала силно влијание врз него.

– Јас и тој бевме во автомобилот, мене не ми фалеше ни влакно од главата, а тој остана мртов на лице место. Но, тој беше и останува авторитет во мојата глава. После тоа ужасно се променив, бидејќи мојот херој беше поразен. Немав ни 15 години и ова се работи што му создаваат лом во главата на еден млад човек – изјави своевремено Ѓорѓе за Гранд.

Во големата исповед за Гранд, Ѓорѓе тогаш призна дека оваа трагедија имала големи последици во неговиот живот и дека токму поради тоа подоцна тргнал по патот на пороците од кој подоцна се извлекол, пренесува српска Република.

Слични објави

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо
Се вчитува....