19.8 C
Скопје
14:02 - 12 октомври, 2026

Татјана Стојановска за љубомората и довербата во бракот: Ако му се додворува друга жена пред мои очи, што прави кога не сум тука

Тв презентерката Тaтјана Стојановска, која е во брак со Михаил Китановски, отворено проговори за љубомората, довербата во бракот и за тоа како би реагирала ако друга жена почне да му се додворува на нејзиниот сопруг во нејзино присуство.
Во гостувањето во емисијата „Нешто конкретно“, водителката Снеже Велков ѝ постави хипотетичко прашање: Што би направила доколку седи со сопругот во ресторан, а непозната жена му пријде и почне отворено да флертува со него?
Стојановска објасни дека не би влегувала во расправија со непознатата жена, туку најважно би ѝ било како ќе реагира нејзиниот сопруг.
„Ако гледам дека се занел по тоа и дека тоа му годи, дека влегува во комуникација и мене ме заборава, тогаш што да правам јас тука?“
Снеже Велков искоментира дека сопругот можеби не е свесен или е пијан. На забелешката дека пијанството не може да биде оправдување, таа објасни дека таквото однесување би ја натерало да размисли и за довербата во партнерот.
„Мислам, ако го прави тоа пред мои очи, што останува да прави кога јас не сум тука?“, рече Стојановска.

Сепак, таа нагласи дека досега не се нашла во таква ситуација и дека верува оти нејзиниот сопруг би знаел како да постапи доколку некоја жена му пријде со таква намера.
„Не сум се нашла во таква ситуација, но ако се случи, ако нему му е непријатно од присуството на таа личност и од нејзиното однесување, тогаш тој сигурно ќе ѝ каже: ‘Се извинувам, ве молам…’ И ќе ја сврти работата на шега. Јас ќе се насмеам, тој ќе се насмее, таа можеби ќе се засрами и тоа е тоа. Така ќе се реши“, објасни презентерката.
Татјана смета дека нема потреба сопругата да се расправа со жената што му се додворува на нејзиниот партнер.
Во разговорот беше отворено и прашањето за непочитувањето што го покажува жена која свесно флертува со оженет маж пред неговата сопруга. Стојановска се согласи дека таквото однесување претставува непочитување кон двајцата.
„Има жени што сакаат да привлекуваат внимание и не им е битно дали тој човек е со сопругата. Таквите би ги нарекла кокетки. Ним тоа им значи, како да ги храни. Јас би го свртела тоа на глупост. Ќе се насмееме со сопругот и ќе речеме: ‘Океј’“, објасни Тања.
Татјана Стојановска во 1992 година ја освои титулата Мис на Македонија, а со децении е присутна на телевизиските екрани.
Со сопругот Михаил Китановски, кој е бизнис-консултант, се венча на 10 јуни 2023 година, точно десет години откако ја запросил на нивниот прв заеднички одмор во Грција.

Слични објави

Зорица Брунцлик откри дека се борела со рак: Најблиските ја криеле дијагнозата, сопругот проверувал дали дише

Еспресо

Десет години љубов со Ивана: Пејачот Дарко Илиевски слави годишнина од бракот

Еспресо

Јелена Карлеуша за случајот со Јаков Јозиновиќ: „Ако на нашите пејачи им забрануваат концерти, треба да возвратиме со иста мера“

К.С.

Силви Плевнеш за тешките моменти: Имавме финансиски проблеми додека ќерката беше во Холандија

Еспресо

Јаков Јозиновиќ предизвика реакции во Србија поради песна од Томпсон, дел од јавноста бара бојкот на концертите

К.С.

„Немам време за себе“ – реченицата со која полека се ставаме на последно место

Еспресо
Се вчитува....