10:46 - 27 ноември, 2026

Тамара откри ретка приказна за мајка ѝ Брана, ова досега го нема кажано

Тамара Тодевска откри досега непозната приказна за нејзината мајка Брана, која ја нема никогаш раскажано во јавноста. Во подкастот „Урок“ со Сергеј Варошлија, се покажа една постара слика од Тамара со мајка ѝ која таа ја искоментира.

-Ова е фестивалот „Охридски трубадури“. Дали се сеќаваш дека имав еден настап со мајка ми? Песната е „Кога би можел“. Има еден оперски дел. Брана го пее.

Врнеше се сеќавам. И таа стои со чадорот и вели: „Ајде сега, искачаме на сцена“. Ѝ велам: „Мама, пушти го чадорот“. „Нема шанси!“

Фото / Јутјуб принтскрин

„Пушти го чадорот, нема белким на телевизија со чадор?“. Ми рече:„Јас, да ми залепи косата. Нема теорија!“. Со чадор е на снимката. Не знам дали постои таа снимка некаде.

Целата архива ми е кај мајка ми. Сите слики, исечоци од весници. Видеа немам, јас сум идиот кој ништо не чува, се надевам дека некогаш ако затреба ќе можам од некаде да ги побарам и ќе има кој да ми ги даде. Јас од оние кои дури ни своите албуми ги нема“, откри Тамара.  

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....