5.8 C
Скопје
06:30 - 1 април, 2026

Тајната на долговечноста на Елизабета Втора – страст кон домашен џем и коктел „Опера“

Тајната на долговечноста лежи во исхраната. Но, што јадеше и пиеше Нејзиното Височество Елизабета Втора?

Многумина се прашуваа во што беше тајната на нејзината долговечност и енергичност. Не престануваше да ги фасцинира ниту модните следбеници со својот изглед карактеристичен по „а-ла шанел“ костуми во силни бои и неверојатни шапки.
Дали избалансираната исхрана беше победоносната формула на Нејзиното Височество? Што кралицата Елизабета јадеше за да остане во толку добра форма?

Пред неколку години британски „Телеграф делумно ја откри исхраната на кралицата Елизабета Втора. Благодарение на изјавите на Дарен Мек Греди (поранешен готвач во Кралската палата), може да „фрлиме“ преглед на нејзината гастрономска рутина, од мигот кога наутро ги отворала очите, до навечер пред спиење.

Да почнеме од појадокот кој обично се служел во 9 часот наутро. Кралицата сакала да појадува житарици, понекогаш збогатени со суво овошје. Житариците се специфична марка, Спешл Кеј или Корнфлекс. Но, не било така секој ден. Знаела да нарача за појадок и тост со џем и 2 умерено варени јајца.

За ручек и за вечера, Елизабета Втора преферирала лесен оброк, како што е на пример, риба или лигњи подготвени на скара со растителна органска храна, односно зелечнук, која доаѓа директно од нејзиниот имот.

Кралицата никогаш не се откажувала од чајот сервиран во 17 часот, кој обично се посужувал со англиско колаче. Во овој период од денот, не одбивала парче торта, ако се работи за „Шпанското лепче“ (во Англија позната како лесна, „сунѓер“, торта со мед и со крем).

Попладне, често нарачувала и сендвич со лосос и краставици.

Сепак, вистинската страст на кралицата биле џем пените“ (личат на мали американски палачинки, во средината наполнети со фил од домашен џем).

Нејзиното Височество не се откажувала од вечерен коктел. Тоа е коктелот „Опера“, кој содржи џин, француски „дјубоне“ (аператив) и ароматично вино.

Патем, виното со силна арома било всушност и најобожувано од кралицата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....