35.8 C
Скопје
15:57 - 17 август, 2026

Тајчи откри дека била жртва на сексуална злоупотреба: „Мислев дека тајната ќе ја однесам во гроб“

Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, и беше гостинка на Татјана Јуриќ во подкастот Skip or Beep. Таа се присети на тешките моменти од нејзиниот живот, откри зошто на врвот на славата заминала во Америка во целосна анонимност, но и како завршила во затвор.

– Тоа чувство на припадност кон себе, дека знам дека сум свој, а не нечија туѓа, секако беше причината поради која решив да заминам – рече Тајчи.

Таа откри дека била сексуално злоставувана како тинејџерка и со години се борела повторно да се сака себеси и да си ја врати самодовербата. Истакна како се потиснала длабоко во себе.

-Баба ми знаеше да ми каже дека тоа ‘ќе го однесам во гроб’. Затоа решив никогаш никому да не кажам, дури ни случајно, туку да го однесам тоа во гроб – изјави Тајчи.

На прашањето дали барем ѝ кажала на мајка си, Тајча одговори дека не, бидејќи така мајка ѝ не би ја пуштала никаде сама.

„Се плашев да ѝ кажам, затоа што сакав да ја заштитам. Како да ѝ кажеш нешто толку ужасно на мајка си? Срцето би ѝ се скршило“ – нагласи таа.

Никогаш не го пријавила човекот кој ја злоставувал.

– Нема име, тоа веќе не е важно, бидејќи помина толку време, не можеш сега да бараш некој, не е тоа целта… Не знам дали тој човек е воопшто жив, а од друга страна, да вложувам енергија во тоа – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @prava_imena_balkan_

Наместо да се справува со насилници, таа одлучила да им помогне на жртвите. Откри дека работи во затвор со жени кои поминале исто така низ такви ситуации, односно со жени кои биле, како што вели, тотални робинки.

Слични објави

(Фото) Пораката на помладата ќерка синоќа ја расплака Карлеуша: Ова ја дочекало во семејната вила, со својата одлука шокираше

Еспресо

32 години од првите „Охридски трубадури“: Како почна фестивалот што ја слави македонската песна

Т.Ц.

(Фото) Миа Костова во шок! Една година комуницирала со лажен профил, се јавија и мајки на болни деца

Еспресо

Љубовта на Арсен Дедиќ и Габи Новак: „Кога имате некого како Габи, не можете да бидете несреќни“

Т.Ц.

(Фото) Тенисерката Лина Ѓорческа овој пат куферот го спакува за на плажа

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат – Неда Украден го прослави 76. роденден, изгледа неверојатно во бикини покрај море

Еспресо
Се вчитува....