8.8 C
Скопје
19:26 - 31 март, 2026

Таа е херојот што ги спасуваше настраданите во пожарот во Кочани, работела од утро до полноќ без одмор

Оваа дама херојски се грижеше за настраданите во пожарот во Кочани на 16 март во кочанската болница, а маратонецот Игор Јакимовски раскажа емотивна приказна за неа.

Јакимовски во својата објава на Фејсбук рече дека конечно, по долго време ја пронашол медицинската сестра Милена Димитровска која пожртвувано се грижела за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Игор Јакимовски сподели фотографија со Милена и раскажа што се случувало во болницата вечерта на 16 март.

Фото/Фејсбук

– Конечно после 7 месеци од кобниот 16 март ја пронајдов дамата херој од кочанската болница.

Од рано наутро до полноќ Милена во улога на медицинска сестра без ниту една пауза укажуваше прва помош на сите кои имаа неопходна потреба на лице место.

Смирено, професионално, пожртвувано, храбро, хумано и крајно стручно. Јавно ѝ оддавам почит и благодарност за сѐ што направи во кочанската болница на 16 март. Почит до небо – напиша Јакимовски.

На ова, Милена му возврати со коментар: „Ти благодарам и тебе за поддршката во текот на целиот ден“.

Слични објави

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо
Се вчитува....