12:00 - 17 септември, 2026

Светските цени на храната уриваат рекорди! Поскапува пченицата, пченката и шеќерот

Поскапуваат и растителните масла, + 23,2% поради растот на цените на сончогледовото масло, на кое Украина е водечки светски извозник.

Светските цени на храната достигнаа „највисоки нивоа на сите времиња“ во март, поттикнати од војната во Украина, која „предизвикува шок“ на пазарите на жито и растителни масла. Ова го изјави ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации), објаснувајќи дека индексот на месечната потрошувачка кошница (според меѓународните цени) со основни прехранбени производи, веќе го соборил рекордот во февруари и забележал натамошен раст од 12,6% во март. Зголемувањето главно се должи на индексот на цените на житарките кој „забележа пораст од 17,1% во однос на февруари, поттикнат од наглите поскапувања на пченицата и на сите други житни култури, главно поради војната во Украина“.

Во текот на месецот, светските цени на пченицата се зголемија за 19,7%,. а цените на пченката се зголемија за 19,1% достигнувајќи рекордно високо ниво, заедно со цените на јачменот Во март, спротивставените трендови меѓу различното потекло и квалитети на оризот ја задржаа вредноста на ценовниот индекс на ФАО речиси непроменета во однос на февруари, сè уште останувајќи под 10% во однос на нивото од претходната година.

Индексот на цените на растително масло се зголеми за 23,2% поради растот на цените на сончогледовото масло, од кои Украина е најголем извозник во светот. Цените на маслото од палма, соја и семе од репка, исто така, нагло пораснаа поради зголемувањето на сончогледовото масло и на суровото масло, при што цените на маслото од соја дополнително се зголемија поради намалениот извоз од Јужна Америка.

Индексот на цените на шеќерот според ФАО се зголеми за 6,7% во однос на февруари, минувајќи низ повеќе турбуленции за да застане на ниво од повеќе од 20% од март 2021 година. Минатиот месец, индексот на цените на месото пак, се зголеми за 4,8% стигнувајќи до својот историски максимум, поттикнат од зголемените цени на свинското месо поради недостигот на свињи за колење во Западна Европа. Меѓународните цени на живината, исто така, се консолидираат во пораст.

Конечно, индексот на цените на млечните производи според ФАО се зголеми за 2,6%, достигнувајќи плус 23,6% во споредба со март 2021 година, при што цените на путерот и млекото во прав скокнаа поради порастот на увозот главно од азиските пазари, пренесува раињуз.

Слични објави

Диди Џеј поминала низ вистински пекол: „Не можев да одам, но се враќам на сцената“

Е.А.

Едвај ја допеав песната, солзите беа посилни: Јоце Панов за песната што им ја посвети на оние што прерано заминаа

Еспресо

Искористете ги септемвриските попусти во Wood Room и освежете го домот со квалитетни маси од масивно дрво

Еспресо

„Му наоѓав пораки и видеа од други девојки“: Николина Коваќ искрено за бракот со Саша Капор и сомнежите дека е неверен

Е.А.

Хороскоп за 17 септември: Овните ги очекува ден со ненадејни обврски, Раковите ќе имаат несогласувања со колегите

Еспресо

Сања Вучиќ донесе одлука – пејачката ќе ги трга тетоважите од своето тело

Еспресо
Се вчитува....